Давидовиќ: Смешно е за кражба на ќебапи да се лежи три години, а за сериозно дело една и пол

Пресудата од една година и шест месеци притвор за Горан Грујевски можеби е во полза на СЈО, но не е во полза на државата и правниот систем бидејќи ако ги земете сите отежнувачки околности на страна на еден од обвинетите кој е во бегство, а давате казна која е до минимумот, тогаш очигледно нешто не е во ред. Вака адвокатот Ѕвонко Давидовиќ ја коментира пресудата на судот против поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, кој е во екстрадициски притвор во Солун.