Неверојатно: 100 илјади публика на тренинг за поддршка пред реваншот од Лигата на шампиони

Следува реванш мечот од финалето на Лигата на шампиони. На тренингот ги нема ни Меси ни Роналдо, а има 100 илјади публика. Оваа сцена ни доаѓа од Египет. Клубот Ал Ахли се подготвува пред реванш натпреварот против клубот Видада од финалето на Лигата на шампиони во Африка. Челниците на Ал Ахли дозволија на еден од последните тренинзи да може да дојдат навивачите и да ги поздрават своите миленици. На идеја на раководството на Ал Ахли, тренингот беше прогласен за отворен. Ова како да беше отворен вентил за навивачите да дојдат и да им дадат поддршка на своите миленици на АЛ Ахли. Погледнете го видеото што значи да имаш 100 илјади публика на терен.