Кочо Анѓушев: Задача на Владата е да креира поволна бизнис клима за раст на компаниите

„Македонија е мала земја со релативно мал број на жители, што значи дека претставува мал пазар. Растот на компаниите, а со тоа и раст на економијата мора да се бара во отвореноста на пазарот и пробив на македонските компании на странски пазари. Со поттикнување на компаниите ќе работиме на зголемување на извозот, со тенденција истиот да учествува во создавање на Бруто домашниот производ со 60-70%, а годишната стапка на раст на БДП да изнесува од 5-6%“, потенцираше Анѓушев.