Фудбалер ограбен во Рио среде бел ден, кражбата е снимена на камера!

Џеферсон, голманот на Ботафога и голманот кој бранел 22 наптревари за Бразил, бил ограбен во Рио де Жанеиро среде бел ден. Неговиот автомобил бил запрен пред семафорите од друг автомобил од кој излегле разбојници кои со пиштол му се заканувале и го присилиле да го напушти автомобилот. Кражбата била целосно снимена од улична безбедносна камера.