Морничава глетка: Прозорец од зграда паднал врз мајка со бебе

Вознемирувачкиот настан во кој се гледа како прозорец од зграда паѓа врз жена со бебе во количка се случил во рускиот град Долгопрудни. Колку и да звучи сурово, среќа во несреќа е што прозорецот паднал најпрвин врз жената а потоа се одбил од количката со бебето. За среќа, таа успеала да стане, а нема информации дали жената или бебето се посериозно повредени. Погледнете го видеото.