Чудесна интервенција: Голманот на Тотенхем со одбраната на колото

Вчера се одиграа првите осум натпревари од третото коло на Лигата на Шампионите, а дербито на колото се играше во Мадрид, каде се сретнаа екипите на актуелниот шампион Реал Мадрид и лондонски Тотенхем. Натпреварот заврши нерешено, 1-1, а за тоа се погрижи голманот на Англичаните, Уго Лорис, кој во 54-тата минута со спектакуларна одбрана ја зачува својата мрежа по обидот со глава на Карим Бензема.