На плоштадот во Варшава, каде пред неколку дена се обратил американскиот претседател Доналд Трамп, се случил мал инцидент. Кога на главната бина излегле Доналд и Меланија Трамп заедно со полскиот претседател Андреј Дуда и неговата сопруга Агата Дуда, требало да следува ракување. Но, кога Трамп ѝ пружи рака на првата дама на Полска, таа го „изрецка“ и прво се поздрави со Меланија. Да биде уште поинтересно, Агата воопшто не се ни поздрави со Трамп.