Тепачка на Струмичани во Прилеп

Продавачи на лубеници од Струмица се степале со стапови во Прилеп. Деновиве цената на лубениците во струмичко се движи околу 3 денари за килограм па со цел да заработат повеќе, земјоделците своето производство сакаат директно да го продаваат во други градови во земјава. Причината за тепачката не ја знаеме, но знаеме дека сите учесници минале со полесни повреди.