Граѓанин пред Кривичен суд: Дојдовме овде да си ги измериме, да видиме чиј е поголем

Протестот кој се одржа пред Кривичниот суд, а за кој дел од граѓаните велеа дека е поради новите обвиненија поднесени од страна на СЈО, заврши нешто пред полноќ. Демонстрантите кои се наоѓаа пред Судската палата не беа расположени да даваат изјави за сите медиуми. Граѓанин кој протестираше, прашан од екипата на Макфакс зошто е таму, одговори дека тие се дојдени за да си ги измерат, за како што кажа, да видат на кого му бил поголем.