Недопрената природа во овој дел од кањонот Матка ќе направи да си помислите дека не сте на ова парче земја

Зеленило, див свет, чиста вода и воздух се само мал дел од работите кои го прават ова месот посебно и неодоливо за посетителите. Малку познат факт за ова езеро е дека најпосетуваната атракција на овој кањон т.е. пештерата Врело се наоѓа точно на средина по должината на езерото, па така и повеќето немале прилика да појдат подалеку од оваа точка за да ја видат другата страна каде ги нема тие неприродни звуци од моторизираните кајчиња кои движат константно низ целиот кањон.