Слонче паднало во базен и започнало да тоне, а слоновите во паника брзо смислиле начин како да го спасат бебето!

Дека слоновите се меѓу најдобрите родители на светот покажува и овој случај на сеулската зоолошка градина во која две слонови спасуваат младенче кое паѓа во базен. Се чини како слонот кој е веднаш до младенчето започнува да паничи кога тоа паѓа во базенот и се бори со устата и сурлата да се одржи над вода. Другиот слон веднаш притрчува во помош. Погледнете го видеото.