Сега ќе мораш од багажник: Два џипа му држат лекција на Мерцедес како не треба да се паркира

На интернет се појавило видео на кое се гледа како два џипа му држат лекција на еден шофер, кој со своето паркирање зафатил две места на паркингот. Веројатно изнервирани од неговото паркирање, тие се залепиле премногу блиску до неговите врати. Сепак, тој на крајот се снашол, влегол во автомобилот преку својот багажник, и успеал да да го напушти паркингот. Сепак, мислиме дека лекцијата е научена...