Го видовте ли евроголот од третата македонска лига?!

На натпреварот помеѓу Кит Го Пехчево и Брегалница Голак, кој заврши со победа на домаќините од 2-1, играчот на гостите, Александар Георгиевски - Бене, даде прекрасен еврогол од слободен удар, од повеќе од 30 метри. Фудбалерот испрати проектил кон голот на домаќинот, а не веруваме дека и двајца голмани ќе ја фатеа топката. Познавачите на македонскиот лигашки фудбал велат дека на Бене не му е прв ваков гол во кариерата.