Како изгледаше "жолтата минута" на Герет Бејл против Лас Палмас

Тимот на Реал Мадрид, по втор пат во период од само 4 дена се враќаше од негатива од два гола, иако вчера не успеа да дојде до целиот плен. Можеби главен виновник што Кралскиот клуб мораше да брка од 1-3 беше велшкиот фудблер Герет Бејл, кој во 46. минута доби црвен картон. Како искусниот Велшанец падна на провокацијата на Виера можете да видите во приложеното видео.