Кога мора да работиш, но пандата не те остава...

Веќе сме ги виделе видеа кои прикажуваат панди кои сакаат да си играат, но работата е во тоа што, никако да станат здодевни. На најновото, кое го објави странта "iPanda", се гледа едно мало бебе-панда кое едноставно не му дозволува на мажот да си ја врши работата. Работникот цело време го преместуваше прекрасното животно подалеку од себе, но тоа секој пат го наоѓаше патот до неговата нога.