Овој скијач никогаш не видел снег, а учествува на СП во крос кантри

На светското првенство во нордиски дисциплини кое се одржува во Финска, еден скијач од Венецуела е еден од поинтересните натпреварувачи.Имено, Адријан Солано никогаш во животот не видел снег, а учествувал на трката во крос кантри. Дека прв пат гледа снег било очигледно на патеката, со оглед на тоа дека неколку пати паѓал. Интересен е и фактот дека пред првенството се обидел да тренира во Шведска, но тамошните власти го депортирале бидејќи сметале дека е илегален имигрант.