Се урна покрив на сред натпревар во Полска

На натпревар во хокеј во сала во Полска се случила една непријатна ситуација. На салата, и покрај тоа што била стара само неколку седмици, ѝ се урнал покривот. За среќа, немало повредени. Изгледа дека некој не си ја завршил работата како што треба.