Си направи "Црна магија", па си даде гол

Од фудбалското првенство во Руанда ни доаѓа видео на кое напаѓачот прави црна магија на противничкиот гол. Кога го забележаа противничките фудбалери, веднаш притрчаа да се пресметаат со него, но судијата ја стави ситуацијата под контрола. Сепак, во следниот напад, тој постигнува гол... Од сојузот не го казниле фудбалерот бидејќи не може да се докаже дека постигнал гол поради магијата, но предупредиле дека во иднина слични обиди ќе бидат санкционирани за да се спречи судир помеѓу фудбалерите.