Убавина: Местото во кое што нема улици

Точка

29/06/2013

22:17

17.697

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш посакате да побегнете од градскиот живот и да пронајдете мир во некое убаво место, тогаш совршената дестинација за вас е Гитхорн во Холандија.

Прекрасна природа, стари куќи, возење со чамци по канали или прошетка по бројните дрвени мостови... Едноставно, станува збор за место кое што ќе ви понуди релаксација, а воедно и за кратко ќе заборавите на бучните автомобили, затоа што тие тука се недобродојдени, пред се затоа што ова бајковито место не ни има улици.


Гитхорн станало познато дури по 1958 година, кога холандскиот режисер Берт Ханстра тука ја снимил својата славна комедија "Fanfare", па така, ова место сега е вистинска туристичка атракција. Кон почетокот на тринаесеттиот век, Гитхорн бил основан од страна на доселеници од Медитеранот.


Во стариот дел нема патишта, па таму нема ни автомобили и целиот сообраќај се одвива преку водата, во каналите. Единствено нешто што постои е велосипедската патека, па токму затоа Гитхорн се нарекува и "Северна Венеција" или "Венеција во Холаднија".


Гитхорн е навистина прекрасно место кое што успеало да ја зачува убавината и шармот на холандското село од осумнаесеттиот век. Каналите, бројните дрвени мостови, трската која што ги прикрива селските куќи и прекрасните градини се причината поради која ова бајковито место го добива прекарот Венеција во Холандија.


Местото брои околу 2.600 жители кои што живеат во домовите на своите приватни острови. Околу 180 мостови се единствениот начин за да се пристигне до поголемиот дел од куќите, а секако, втората опција се малите бродови.


Во Гитхорн постојат и најразлични музеи во кои што може да се дознае за животот и работата во последните 100 години, да се видат грнчарски дела, како и стари автомобили, санки и велосипеди. Исто така, се организираат и бројни уметнички изложби, а постојат и специјални активности за најмладите. Во текот на зимата, ова место е исклучително атрактивно за љубителите на лизгањето на мраз.


Убавините на ова место посетителите можат да го откријат со организирани бродски тури, а може и да се изнајми чамец и самите да се возат по каналот. Вториот начин за запознавање на Гитхорн е прошетката по дрвените мостови или изнајмувањето на велосипед.


Ова прекрасно село се наоѓа во северозападната покраина Еверијесел, во централниот дел на Холандија. Од Амстердам е оддалечен околу 90 километри, а од Ротердам и Хаг околу 110.
















Спонзорирани линкови

Маркетинг