Шаторите во Гези биле намерно запалени од полицијата

Нетпрес

20/06/2013

09:39

1.008

Големина на фонт

а а а

Шаторите на демонстрантите во паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул биле намерно запалени на 29 мај во раните утрински часови од вработените полицајци во општината.

Првично обвинувањата за таа неодговорна акција беа насочени кон редовната истанбулска полиција.

Во рамките на истрагата на тврдењата за користена несразмерно голема сила против демонстрантите во Истанбул, специјално формираната група од граѓански и полициски инспектори го разгледала и прашањето за пожарот во шатори на 29 мај. Утврдено е дека во подметнувањето на пожарот учествувале четворица општински полицајци и еден технички асистент. Во спроведување на препораките во извештајот на инспекторите, веднаш се уапсени петмината осомничени и започната е административна истрага против нив.


Спонзорирани линкови

Маркетинг