Згаснуваат протестите во Турција

Нетпрес

18/06/2013

09:31

855

Големина на фонт

а а а

Во понеделникот стотици турски работници и левичарски организации излегоа на улиците на Истанбул во знак на поддршка на демонстрантите од паркот Гези.

Тие се обиделе да се соберат на плоштадот Таксим, но полицијата ги спречи и мноштвото беше распрснато со гумени куршуми и водени топови.

За време на вчерашните протести сепак немаше инциденти како оние кои се случија за време на викендот, кога демонстрантите во паркот Гези беа протерани, а стотици луѓе беа уапсени и повредени.

Иако повикот на синдикатите за штрајк мобилизира стотици илјади Турци во целата земја, премиерот Реџеп Таип Ердоган изгледа успеа да ја совлада ситуацијата.

„Протестите во Турција не беа разбрани правилно и беа поврзано со социјалните движења во Северна Африка и Блискиот Исток. Некои кои се преправаа дека се наши пријатели, покажаа колку неискрени се тие“, изјавил Ердоган.

Во меѓувреме, во паркот Гези беа посадени дрвја, а реонот беше исчистен од разурнувањата од 18-дневните протести.

Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу, изрази уверување дека Турција ќе ги надмине настаните на плоштадот Таксим и последиците од нив.

„Главната цел на демонстрантите во паркот Гези и плоштадот Таксим е да ја уништат иднината на турскиот народ“, рекол Давутоглу.

„Турскиот народ, сепак не треба да ја губи самоконтролата и самодовербата, додал тој.

Во меѓувреме, нова форма на мирен протест се појави во Турција, откако властите ги протераа демонстрантите од плоштадот Таксим во саботата и забранија собири.

Во понеделникот вечер еден човек застана на средината на плоштадот Таксим, носејќи портрет на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во рацете. Застана тивко и со поглед вперен напред не се помрднал со часови.

Веста брзо се рашири во социјалните мрежи и стотици луѓе дојдоа на плоштадот за да го видат со свои очи.

Името на човекот е Ердем Гонјоз. Неговата форма на единствен протест е решение за заобиколување на забраната за собири на плоштадот.

Во саботата полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги протера илјадниците демонстранти од плоштадот и паркот Гези, лишувајќи ги од симболичното срце на нивниот протест.


Спонзорирани линкови

Маркетинг