Турција: Уапсени 500 демонстранти

Нетпрес

17/06/2013

14:55

1.477

Големина на фонт

а а а

Турската полиција уапси околу 500 лица во Истанбул и Анкара, поради судирите на полицијата и демонстрантите, кои повеќе од две недели протестираат против Владата.

Уапсени се 441 лице во Истанбул поради поврзаност со вчерашните судири и 56 демонстранти во Анкара кои се поврзуваат со антивладините протести во изминатите денови.

Италијанскиот фотограф Даниел Стефанини е ранет во Истанбул во текот на синоќешните судири на демонстрантите и полицијата, а подоцна бил уапсен, соопштила италијанската амбасада во Турција.

Дваесет и осумгодишниот Стефанинин бил ранет во округот Бајрампаша, а еден адвокат му помогна и го префрлил во локалната болница, каде подоцна турската полиција го уапсила.

Полицијата ги блокирала сите патни правци во центарот на Истанбул, околу плоштадот Таксим и соседниот парк Гези, кој во изминатите денови беше окупиран од учесниците на протестите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг