Не стивнуваат протестите во Турција, и синдикатите на улица

Нетпрес

17/06/2013

10:48

1.171

Големина на фонт

а а а

И покрај сите обиди, продолжува „турската пролет“. Демостантите добија засилување, а протестите добија поширок размер, синдикатите прогласија национален птрајк.

Турските синдикати денеска планираат национален штрајк во услови на интензивни протести против премиерот Реџеп Таип Ердоган. Доктори, инженери и стоматолози ќе штрајкуваат во знак на незадоволство од исфрлањето на демонстрантите од паркот Гези во Истамбул.

Ноќеска имало неколку судири на демонстрантите со полицијата.

Откако турската полиција со сила го расчисти паркот Гези во Истанбул, премиерот Ердоган натамошно ја подгреа тензијата во земјата. Тој ги нарече демонстрантите „терористи“ и „отпадници“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг