Давутоглу: Нема недостатоци или пропусти во турската демократија

Нетпрес

17/06/2013

09:28

556

Големина на фонт

а а а

Протестите во паркот Гези кои почнаа мирно на плоштадот Таксим во Истанбул, првенствено се успех на нашата влада, тврди во напис во биртанското списание „Економист“, министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу.

„Се кажаа многу работи за случувањето во паркот Гези, но за да може целосно да се осознаат нештата, неопходно е да се погледне со поширока перспектива. Погрешно е да се тврди дека Турција има какви и да било пропусти и достатоци во демократијата. Откако на власт е сега владејачката Партија за правда и развој се прават системански грижи за стабилност и за почитување во рамките на законите на основните права на сите општествени групи. Се гледаме себе си не толку како раководители на земјата, туку како слуги на народот и на демократијата“, пишува Давутоглу во „Економист“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг