Ердоган: Им благодарам на Скопје, Гостивар, на Македонија!

Точка

15/06/2013

19:35

22.422

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на почетокот на денешниот митинг на партијата се заблагодарил, обраќајќи им се на илјадниците жители на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и другите балкански земји кои организирале собири за да го поддржат.

"Им благодарам на Скопје, Гостивар, Сараево, Малезија, Босна и Херцеговина, Македонија и на секој човек кој дошол на собирите за поддршка", порачал Ердоган, поздравувајќи ги жителите на споменатите градови.



Во текот на денешниот партиски митинг, премиерот на Турција изјавил дека во Анкара "на странските медиуми им е дозволено да известуваат во врска со последните случувања во Турција". Ердоган изјавил дека во текот на демонстрациите во земјата биле уништени 12 објекти на неговата партија. "Дали тоа е вашето разбирање на демократијата и слободата? Дали сето тоа навистина е поврзано со паркот Гези?", додал турскиот премиер.


"Ние нема да дозволиме било кој повторно да ја дели Турција на улици, села, градови, области и сите да стравуваат од меѓусебни непријателства... Ние сите сме Турција. Ова единство никој нема да може да го наруши. Сите оние кои што се стремат кон тоа, ако Бог даде, на крајот ќе бидат со неостварени цели", порачал Ердоган, нагласувајќи дека "турскиот народ ја штити својата влада. Народот ја штити демократијата и слободата на изразување".


Претседателот на владејачката партија и премиерот на Турција во рамките на својот говор пред повеќе стотици илјадни луѓе нагласил и дека станува збор за мирен собир, додавајќи дека "на оваа слика нема немири, уништувања и вандализам, тука се луѓе кои говорат како понатаму да се гради земјата, камен по камен. Ете, токму тоа е вистинската слика на Турција. Оние кои што сакаат да ја видат вистинската Турција, нека ја погледнат Анкара, да ја видат националната свест и да ја почувствуваат демократијата", завршил Ердоган.














Спонзорирани линкови

Маркетинг