Демонстрантите во Истанбул соопштиле дека нема да се повлечат од паркот Гези, епицентарот на двонеделните антивладини протести, додека пак полицијата во Анкара вчера со водени топови и солзавец ја растерала групата која во текот на ноќта поставила барикади во близина на зградата на турскиот парламент, пренесува AP.
Демонстрантите во Истанбул соопштиле дека нема да се повлечат и покрај тоа што премиерот Ердоган објавил дека се сложува да го суспендира спорниот план за градење и преуредување на паркот.
"Ќе продолжиме со отпорот и ќе се спротивставиме на секоја неправда која се случува во нашата земја", било соопштено од главната група која ги претставува демонстрантите.
Ердоган вчера се согласил да го суспендира спорниот план за изградба и преуредување на паркот, кој бил и повод за почеток на протестите и побарал од демонстрантите да се повлечат.
Во текот на протестите во Турција загинале пет, а речиси 5.000 лица биле повредени.