Турските мајки ги поддржаа синоќа демонстрантите во паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул.
Мајките се фатиле за раце и направиле жив штит извикувајќи „Абдулах Чомерт е наше дете“ во чест на загинатото младо момче при протестите во паркот Гези.
Потоа турските мајки информирале дека нивните деца се исто така во паркот Гези и дека тие го поддржуваат нивниот отпор.