Ердоган со демонстрантите: Паркот без промени до референдум

Нетпрес

14/06/2013

09:25

1.110

Големина на фонт

а а а

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган одржа итен состанок со лидерите на демонстрантите бидејќи тие го одбиле неговото „последно предупредување“ да се повлечат од истанбулскиот парк Гези, епицентар на антивладините двонеделни протести.

Претставници на групата „Таксим солидарност“ отпатувале во Анкара, каде доцна синоќа неколку часа разговарале со Ердоган во неговата резиденција.

По разговорите, кои траeле неколку часа, портпаролот на партијата на Ердоган, Хусеин Челик, истакнал дека владата нема да влијае на никакви промени во паркот до референдумот, кој владата го предложи и на кој граѓаните би одлучиле за плановите за преуредување на Истанбул.

„Сакаме да знаеме што мислат граѓаните на Истанбул, нивните одлуки за нас се мошне важни“, додал Челик.

Но, и додека траеле разговорите, полицијата со солзавец растерала околу 200 демонстранти собрани во центарот на Анкара, во близина на канцеларијата на Ердоган.

Полицијата употребила и водени топови за да може да ги растера насобраните, а пет демонстранти се уапсени.

Во Истанбул демонстрантите поминале една ноќ во паркот Гези, плашејќи се од евентуална акција на полицијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг