Турска стратегија во арапскиот свет

Нетпрес

13/06/2013

15:59

3.253

Големина на фонт

а а а

Пред две години турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган беше пречекан од воодушени топли луѓе во арапските престолнини, а Турција изгледа имаше можност да ја прошири трговијата и влијанието во регионот во замена за поддршка за новите демократи на Арапската пролет, пишува “Ројтерс“ во својата анализа.

Денес задушувањето на протестите во Турција ги згрозува некои од тие Арапи кои го поздравија не особено ветувачкиот ослободител на земјата од поранешниот отомнаски доминант, и сега гледаат со презир на премеирот како фигура, малку подобра од диктаторите кои беа протерани од власт за време на Арапската пролет.

Наспроти тоа, Ердоган се’ уште има многу арапски поддржувачи, неговата популарноста предизвика поделеност, исто како коалициите, кои ги симнаа лидерите во Египет, Тунис и Либија, се разделија на завојувани страни. А, со блиските исламисти во управувањето, турскиот лидер може се’ уште да смета на топол прием, дури и медумите веќе да не го пречекуваат како „рок ѕвезда“ на Блискиот исток или како „крал на Арапите“.

Во Тунис, кој што беше лулка на арапските бунтови, минатата недела исламистичката влада се сретна во Ердоган, додека турската полиција влегуваше во судири со протестантите на улиците на Истанбул. Туниските граѓани, кои во 2011 година го сметаа турскиот премиер за пример за помирување на исламот, демократијата и просперитетот, исто така пројавија слаб ентузијазам.

„Ердоган е вистинско фијаско“, вели Хајкел Џабели, млад машинист во метрото во Тунис.

„Откако говори толку многу за човековите права, случувањата на плоштадот “Таксим“ му го покажаа вистинското лице. Тој е дволичен. Никогаш нема да биде пример за нас.“

Во Каиро, каде либералите стравуваат, дека претседателот Мохамед Мурси ќе наложи исламистички закони со поддршка од неговата партија „Муслимански браќа“, активистот Халед Дауд вели, дека односот на Ердоган кон Турците со секуларни убедувања и користењето на сила против протестантите свртеа многу Египјани против човекот, кој беше пречекан како херој на плоштадот „Тахир“ во 2011 година, кога турскиот премиер беше еден од првите светски лидери кои му кажаа на Хосни Мубарак дека времето му истече.

„Веќе не гледаме на него како на умерен муслиманин, кој сака да развие современ демократски модел“, вели Дауд, кој учестувал во протестите оваа недела против контрола на исламистите врз египетското министерство за култура.

„Точно сега народот го гледа Ердоган како поддржувач на ’Муслимански браќа’.“

„Се чини дека сме сведоци на обидите за вршење дикататорско во името на религијата како во Египет, така и во Тунис, а точно сега го гледаме тоа и во Турција“, вели Дауд.

Според Хама Хамами од туниската секуларна партија „Народен фронт“, Ердоган е диктатор како и протераниот претседател на Тунис Зин Ел Абидин Бен Али.

„Тој не е по ништо различен од лидерите во Египет и Тунис“, вели Хамами.

Ердоган има право

Пред девет месеци истражувањето на институтот “Пју“ за јавното мислење во арапските земји покаќа дека Ердоган е најпопуларен владетел, дури повеќе од саудискиот крал Абдула, кој има посебен статус како чувар на светиот град Мека. Многу Арапи се’ уште се имаат голема почит кон него.

Во Бенгази, каде беше жариштето на либискиот бунт со кој се симна од власт Муамер Гадафи, а сега е преземен од завојувани фракции, студентот Али Мохамед вели „Ердоган има право да се обиде да ги запре демонстрациите“.

„Турската економија страда, туризмот е засегнат, така што ако власта смета дека демонстрациите претставуваат опасност, има право да дејствува“, вели Мохамед.

Додека 27-годишниот сметководител Адил ал Дриси смета, дека, „тоа е погрешно“ и дека протестантите може да стават крај на владеењето на Ердоган, 31-годишниот инжинер Ахмед Муса го изразува восхитот што го доживуваат многу Либијци од растот на турската економија:

„Ердоган направи многу за Турција, а оние, кои го повикуваат да ја напушти власта, се луди. Зошто бараат такво нешто?“, вели Муса.

Во Тунис Монем Лајуни, чија што густа брада е белег за неговите исламистички погледи, го фали турскиот лидер за начинот, на кој што се справил против историскиот сојузник на Анкара во регионот – Израел.

„Ердоган е пример за државник, кој ја направи земјата модел за демократија и ислам“, вели Лајуни.

Сирискиот претседател Башар ал Асад беше познат по блискиот контакт со Ердоган, но по низата случувања нивниот однос беше преполн со гнев. Турскиот лидер се’ уште е почитуван од сириските сили на опозицијата кои ги продолжуваат борбите во Дамаск, кои се едни од најкрвавите епизоди во Арапската пролет.

Лина ал Шами, позната активистка, која побегна од Дамаск во Истанбул пред неколку недели, не се согласува со споредбите кои турските либерали ги прават меѓу битката на плоштадот Таксим и немирите на Арапите кои живеат во авторитарниот режим.

„Ја гледам полицијата како со водени топови се обидува да ја растера толпата демонстранти на плоштадот Таксим, и гледам како тие уживаат и се забавуваат, па не можам да престанам да се смеам. Ако беше Асад, владините сили досега ќе убија стотици, па дури и илјадници луѓе на плоштадот ", вели таа.

Калид ал Дахил, саудиски политиколог, кој ја истражувал турската регионална стратегија, вели дека немирите во Турција може да ги урнат надежите на Ердоган за главна улога во Сирија по падот на Асад - надежи, кои веќе беа попречени од неподготвеноста на арапските и западните сили целосно да ги поддржат сириските опозициски сили.

Можности и ризици

Покрај сè, нема изгледи дека немирите во Турција ќе ја запрат експанзијата на економското и дипломатското присуство на Анкара во старите отомански провинции.

Во Тунис, каде што минатата недела Ердоган и десетици турски бизнисмени склучија голем број договори за инвестиции, аналитичарот Амелија Белхад Али зборува за нова „колонизација" на Северна Африка. „Ризикуваме ли да станеме отоманска колонија повторно?", прашува тој.

Еден од ризиците за стратегијата на Ердоган за стекнување на влијание во новите арапски демократии може да предзивика бунт против неговите исламистички сојузници.

Хасан Нафа, професор по политички науки на Универзитетот во Каиро и критичар на „Муслимански браќа", вели дека репресијата против демонстрантите во Турција е успех на турската политика и исто како и во Египет, бидејќи политиката зависи од успехот на „Муслиманските браќа“.

„Доколку ‘Муслиманските браќа’ понудат солиден систем и донесат стабилност, можеби тоа ќе го предодреди успехот на амбициите на турската влада. Но, ако загубат ‘Муслиманските браќа’, тогаш губи и Анкара ", вели Нафа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг