Ердоган нуди референдум

Нетпрес

13/06/2013

09:35

1.564

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на партијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската влада е отворена за можноста за одржување на референдум околу планот за градење во Истанбул кој предизвика масовни протести кои траат околу две недели.

Ова соопштение, на портпаролот на партијата на Правдата и развојот, Хусеин Челик, следи по разговорите меѓу Ердоган и група активисти. Станува збор за првиот голем гест на владата на Ердоган во правец на окончување на кризата со протестите на плоштадот Таксим во Истанбул кои се проширија и во другите турски градови.

Претходно во текот на денот, илјадници турски адвокати облечени во црно излегле од судовите на протести во Истанбул и Анкара, извикувајќи слогани против бруталноста на полицијата кон нивните колеги кои им се придружиле на најмасовните антивладини протести во Турција.

Овие протести се најголемиот тест досега за премиерот Реџеп Таип Ердоган и неговата влада за изминатите 10 години колку што е на власт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг