"Таксим" – последен тест за пријателството меѓу Ердоган и Обама

Нетпрес

12/06/2013

16:03

3.195

Големина на фонт

а а а

Потиснувањето на антивладините протести во Турција може да бидат испит за односите меѓу претседателот на САД Барак Обама и премиерот на турција реџеп Таип Ердоган, кој е стратешки важен сојузник на САД во немирниот регион, пишува во својата анализа „Сан Франциско Кроникал“.

Протестите кои продолжуваат веќе втора недела по ред во Турција започнаа по посетата на Ердоган на Белата куќа минатиот месец, кога беа разгледани голем број проблеми, за чие решение на САД им е потребна помош од Турција. Меѓу нив запирањето на насилството во Сирија, стабилизација на Ирак и попречување на иранскиот нуклеарни амбиции.

Ердоган, кој е познат по својот груб и неприкосновен стил на владеење, реагира на јавното незадоволство, поставувајќи ја под знак прашање легитимноста на протестите. Во недела, во рамките на серија воинствени изјави пред своите поддржувачи, премиерот предупреди, дека трпението му е при крај и дека оние, кои не ја почитуваат власта, ќе патат. Во рамките на демонстрациите избувнаа голем број судири меѓу полицијата и протестантите. Турските власти се уште се обидуваат да ги запрат демонстрациите, кои се проширија во 80 градови во целата земја.

Според Џејмс Џефри, кој беше амбасадор во Турција за време на администрацијата на Обама од 2010 година, во личните разговори со американските државни службеници коментира дека „во изјавите на Ердоган има извесна нервоза“. Јавно исто така Белата куќа се обиде да избегне директни критики кон премиерот на Турција, иако САД ги повикаа турските власти да демонстрираат воздржаност. Во исто време, нема информации од почетокот на протестот дали Обама и Ердоган разговарале.

„Се’ уште имаме сериозна загриженост во врска со информацијата за искористување на прекумерна сила од полицијата и за голем број на ранети и материјална штета. Ги поздравуваме повиците овие инциденти да се истражат“, вели портпаролот на Белата куќа во понеделникот.

„Ги повикуваме сите страни во настаните да се воздржат од провокации кои ќе доведат до насилство“, посочува портпаролот ниту една не споменувајќи го името на Ердоган.

„Тоа е вечен проблем на САД“, вели Булент Алириза, турски аналитичар во Центарот за стратегиски и меѓународни анализи.

„Кога се соочувал со токму многу ќе се зближиш со своите партнери, почнуваш да внимаваш со критики кон нив“, вели Алириза.

Во слична ситуација западнаа САД и во однос на египетскиот лидер Хосни Мубарак – диктатор, кој имаше партнерство со Вашингтон во земна за заштита на американските интереси на Блискиот исток и Северна Африка.

САД се свртеа пртоив Мубарак едвај откако египетскиот народ почна масовни протести против неговата влада во 2011 година во рамките на Арапската пролет.

И покрај немирите во Турција изгледа нема опасност Ердоган да ја загуби власта. Протестите сепак го извадија на виделина незадоволството на многу турци, кои стравуваат дека Ердоган отстапува од ангажаманот да спроведе демократски реформи и се обидува да наложи религиозни погледи на една секуларна држава.

Антивладините демонстрации почнаа, откако полициајта изврши ноќен напад врз мирен протест поради сечење на дрвја на плоштадот „Таксим“ во Истанбул. Откако десетици илјади Турци, пред се’ со светски погледи, се приклучија на протестите, тие се претворија во најмасовните антивладини безредија во Турција во последните години. Според Белата куќа начинот, на кој Ердоган се обидува да се справи со предизвиците во неговото владеење, може да ги комплицира блиските, но и без тоа сложени односи меѓу Турција и САД.

Откако стана претседател, Обама презеде акција за да ја претстави Турција како пример за другите земји со мнозинство муслиманско население, стремејќи се кон демократија и партнерство со Западот. Во 2009-та година, три месеци откако влезе во Белата куќа, Обама ја вклучи Турција во првата посета на странски држави како претседател, која беше со цел да се обноват односите на САД со муслиманскиот свет.

Додека ја обиколуваше Турција во придружба на Ердоган, Обама ги нарекуваше врските меѓу двете земји како „модел за партнерство“.

Оттогаш двајцата лидери телефонски разговараат, разговараат во рамките на меѓународните конференции и организираат две средби во Белата куќа, од која последната се случи во мај.

Покрај здравите односи меѓу САД и Турција, Ердоган создаде непријатнот за Обама. Во 2010 година Турција се дистанцираше од САД и гласаше во ООН против санкциите за Иран. Ердоган ги засили и наприте во односите со Израел, нарекувајќи го ционизмот „престап против човештвото“. Континуираната граѓанска војна во Сирија можеби зададе најголем удар од релациите на Ердоган и Обама. И покрај тоа што двајцата сакаат симнување од власт на Башар ал Асад, турскиот премиер беше разочаран од одбивањето на Обама да искористи воена сила за да го спречи насилството.

За време на неодамнешните разговори Ердоган пред Обама настојувал за засилување на американската ангажираност во Сирија, но турскиот лидер не добил позитивен одговор на ниту едно барањата. Во исто време Обама покажува, дека има извесно влијание пред турскиот сојузник.

Претходно оваа година шеф на американската држава беше посредник во помирувањето меѓу Турција и Израел, кои што ги прекинаа дипломатските односи по израелскиот напад на турски брод што пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа во рамките на меѓународна флота.

Аналитичарите велат, дека Ердоган немаше толку лесно да го прими извинувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахи, ако и Обама не учествуваше во телефонскиот разговор.

Според Алириза успехот на Обама во возобнувањето на дипломатските односи меѓу Турција и Израел покажува какво влијание може да има претседателот на САД врз начинот на кој Ердоган ќе одговори на протестите.

„Во целиот свет има само еден човек, кого Ердоган ќе го послуша, и тоа е Барак Обама“, вели Алириза.


Спонзорирани линкови

Маркетинг