Нови нереди и судири со полицијата во Истанбул

Точка

11/06/2013

22:29

4.898

Големина на фонт

а а а

Вечерва турската полиција повторно упаднала на истанбулскиот плоштад Таксим за да ги растера илјадниците демонстранти, а при својата акција таа употребувала водени топови и солзавец.

Како што наведуваат американските агенции, ова е најновиот знак дека владата на премиерот Реџеп Ердоган го изгубила трпението по дванаесетдневните немири во најголемиот турски град. Неколку луѓе биле хоспитализирани по судирите со полицијата.



Дописник на агенцијата "Reuters" од Турција наведува дека полицијата со опрема за побивање на немирите ги избркала демонстрантите во тесни улички во близина на плоштадот, па на истиот останале само возилата со водени топови.


Претходно турскиот премиер изјавил дека нема повеќе да ги толерира протестите, порачувајќи дека треба да запрат сите демонстрации на плоштадот Таксим, каде што во изминатите речиси две недели беше центарот на протестите.


Ердоган застанал и во одбрана на денешната полициска интервенција, истакнувајќи дека контролата над протестите започнати поради плановите за преуредувањето на паркот ја преземале луѓе кои сакаат да и наштетат на Турција. Од почетокот на протестите три лица го загубија својот живот, а повеќе од 5.000 се повредени.


























Спонзорирани линкови

Маркетинг