Јавниот обвинител во Анкара ќе отвори истрага околу снимката на Јутјуб на која се гледа како еден полицаец со три куршуми пука кон демонстрантите и тешко повредува еден од нив.
На интернет се појавила нова шокантна снимка од антивладините протести во Турција, во која еден полицаец со три куршуми пука кон демонстрантите, а еден од нив погодува во глава. Јавниот обвинител во Анкара започнал и службена истрага околу видео материјалот кој го прикажува тој инцидент.
Снимката ги прикажува инцидентите во текот на минатонеделните антивладини демонстрации во Анкара и ранувањето на 27-годишниот Етем Сарисулук, кој починал како последица од повредата и станал третата жртва на протестите.
На снимката од Јутјуб се гледа како полицаецот со нога го удира демонстрантот. Во еден момент истиот полицаец извадил пиштол, истрелал три куршуми и побегнал кон своите колеги. Полицаецот покрај пиштолот со себе имал и палка, а на главата носел заштитен шлем.
Јавниот обвинител побарал од полицијата во Анкара да го идентификува полицаецот, но полицијата одбила тоа да го направи.
Сведоците изјавиле дека истиот полицаец истрелал и повеќе куршуми, што може да се слушне и види на снимката.