Ердоган ги изгуби нервите: Полицијата со водени топови ги растера демонстрантите

Точка

11/06/2013

09:28

2.852

Големина на фонт

а а а

Најновиот потег на турската полиција следел откако премиерот Ердоган прифатил да се состане со организаторите на протестите.

Над сто полициски припадници утрово, со помош на водени топови и солзавец ги растерале демонстрантите од паркот Таксим во Истанбул, а слична акција имало и вчера на улиците во Анкара, јавуваат светските агенции.

Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми, што ги натерало демонстрантите да побегнат од паркот, каде што кампувале во текот на ноќта.



Биле тргнати и транспарентите на антивладините демонстранти кои виселе од зградите со поглед кон паркот во Истанбул и биле заменети со турски знамиња и транспаренти со ликот на Мустафа Кемал Ататурк.

Градоначалникот Хусеин Авни Мутлу на Твитер напишал дека истанбулската полиција немала намера да ги растера демонстрантите, туку нивната намера била да ги тргнат транспарентите од статуите во паркот.

Ваквиот потег следел откако Ердоган се согласил да се состане со организаторите на протестите, а состанокот треба да се одржи во текот на утрешниот ден.


Спонзорирани линкови

Маркетинг