Новинарска екипа на Сител нападната пред општина Центар

Нетпрес

10/06/2013

14:08

2.131

Големина на фонт

а а а

Новинарска екипа на Сител, пред малку била нападната пред општина Центар, пренесува „Курир“.

Дваесетина граѓани кои дошле за да го поддржат градоначалникот Андреј Жерновски да ја протурка точката со која ќе се избрише од урбанистичкиот план црквата Свети Константин и Елена и се нафрлиле на новинарката која си ја вршела работата.

На новинарката од страна на поддржувачите на Жерновски и' било забрането да снима и побарале од неа да им се легитимира.

За среќа, полицијата била во близина и веднаш интервенирала и успеала да ја извлече новинарката. Во моментов, пред општина Центар има стотици граѓани од здружението Веритас како и дваесетина поддржувачи на Жерновски.


Спонзорирани линкови

Маркетинг