Пуштен во употреба шалтер на ФЗОМ во поликлиниката во Чаир

Нетпрес

09/05/2013

13:19

3.049

Големина на фонт

а а а

Директорите на ФЗОМ, Јован Грповски и Џемали Мехази, заедно со директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ и економски директорот на Здравствен дом Скопје, Бесим Кока, денеска го пуштија во употреба истурениот шалтер на ФЗОМ – ПС Скопје, сместен во рамките на Поликлиниката Чаир при ЈЗУ Здравствен дом Скопје - Скопје.

Истурениот шалтер во Чаир е трет од ваков вид, после истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево и Ѓорче Петров и е шалтер кој треба да покрие голема територија и голем број на жители, имено кон овој истурен шалтер гравитираат околу 65.000 граѓани и 70 Приватни Здравствени установи и аптеки (ПЗУ). Сите тие ќе можат да ги добијат услугите од здравственото осигурување на овој истурен шалтер.

Истурениот шалтер е за сите субјекти од сите населени места на кои поблиску им е патуваат до Поликниката Чаир, отколку до ФЗОМ - ПС Скопје во централното градско подрачје. Користењето на услугите не е ексклузивно само за субјектите на оваа територија, туку е флексибилна, па така било кој од територијата на град Скопје кој оценил дека за добивањето на услугата од ФЗОМ посоодветно е да ја побара услугата која му е потребана во истурениот шалтер во Чаир, истата ќе може да ја добие.

Осигурените лица, здравствените установи, избраните лекари, како и обврзниците за плаќање на здравствен придонес (фирмите) од овој шалтер ќе добиваат различни услуги, кои воедно се и најфреквентните како пријави – одјави за здравствено осигурување и матичен лекар, печатење сини картони, потврди за платен придонес и за ослободување од партиципација во цената на здравствените услуги за крводарители и лица со посебни потреби.

Во интерес на доближување на здравствените услуги на граѓаните, се отвара 5-та по ред инсулинска аптека во Поликлиниката Чаир, со што ќе се добие растеретување на инсулинската аптека во поликлинка Бит Пазар, која покрива голема територија од град Скопје за подигање на инсулинската терапија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг