Реј Ален собори уште еден рекорд

Точка

26/04/2013

13:13

2.027

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите ,,тројкаши'' на сите времиња во НБА лигата, кошаркарот на Мајами Хит, Реј Ален синоќа собори уште еден рекорд.

Со синоќешните тројки, Реј Ален постигна 321 тројка во плејоф натпреварите во неговата кариера. Со тоа за една тројка го престигна досегашниот рекордер Реџи Милер, а учинокот подоцна го поправи за уште една тројка. Интересно е што Реј Ален го постави рекордот против екипата која што го драфтуваше во 1996 година.

,,Размислував за времињата кога за прв пат стапнав на овој паркет. Иронично е што го поставив рекордот на местото каде што ја започнав својата животна авантура во НБА лигата'' - изјави кошаркарот на Мајами Хит, Реј Ален.



На Реџи Милер за неговите 320 тројки му беа потребни 144 натпревари, додека Реј Ален рекордот го постави со 131 одигран натпревар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг