Веќе поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов го обвинил лидерот на политичката формација на бугарските Турци, Движење за правата и слободите (ППС), Ахмет Доган порачал атентат врз него.
Откако пратениците во бугарското Собрание ја прифатиле оставката на владата, Борисов од говорницата побарал од парламентот да ги истражи наводите на разузнавачките служби дека врз него се подготвувал атентат, кој го порачал Ахмет Доган.
“Информациите ги изнесувам сега, бидејќи владата е во оставка“, нагласил Борисов и побарал од народното Собрание да формира комисија која ќе ги истражи овие тврдења.
Тој навел дека пред 15 дена новиот началник на разузнавачката служба го запознал со документите кои содржат информации за евентуални закани по неговиот живот.