Роднина тврди дека Силвестер Сталоне е виновен за смртта на својот син

Точка

17/07/2012

17:21

11.220

Големина на фонт

а а а

Еди Филити, роднина на Силвестер Сталоне на својот Фејсбук профил напишал дека смета дека Сталоне е виновен за смртта на Сејџ Сталоне.

Покрај тоа што напишал дека Сталоне го занемарувал својот син, Един кој е инаку син на полусестрата на Сталоне, посебно се пресметал со сопругата на Сталоне, Џенифер Флавин за која тврди дека го оддалечила Сталоне од остатокот на семејството.

Еди открил дека Сејџ го погодило тоа што неговиот татко не сакал да му се јави на телфон за да му го честита роденденот на 6 јули, а дека за сето тоа е виновна Џенифер која по венчавката со Сталоне направила се за да го оддалечи од целата фамилија.

Еди во меѓувреме ги отстранил сите навредливи коментари на сметка на неговиот вујко и неговата жена, а во медиумите раскажал дека настапил во афект и дека се кае поради тоа.

"Го направив тоа без да размислам. Јас имам некои свои проблеми со мојот вујко, но не сакав да го навредам на тој начин и се каам поради тоа", рекл Еди коментирајќи ја смртта на Сејџ Сталоне.


Спонзорирани линкови

Маркетинг