Завршена аутопсијата на синот на Сталоне, резултати за два месеци

Нетпрес

16/07/2012

12:53

2.984

Големина на фонт

а а а

Аутопсијата на Сејџ Сталоне, син на познатиот Силвестер Сталоне е завршена, но резултатите ќе бидат познати дури по два месеци, додека да бидат направени целосни токсиколошки анализи.

Сејџ во петокот беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а американските медиуми наведуваа дека се предозирал со апчиња.

Според последните сознанија, Сејџ планирал да прави веридба наредниот викенд. Неговиот близок пријател за ТВ каналот "Е!" изјавил дека Сејџ бил полн со живот, креативен, среќен бидејќи ќе стапи во брак во Лас Вегас.

"Не беше очаен, немаше проблеми, секако, не финансиски", изјавил неговиот пријател како одговор на тврдењата дека синот на познатиот актер бил во депресија.

Во исто време неколку веб сајтови, вклучувајќи го и ТМЗ, објавиле дека неговата куќа во мај, послужила како добро место за снимање телевизиски спот. Младите режисери рекле дека тој се однесувал "како да бил на нешто" и дека му биле потребни речиси 45 минути за да ја отвори вратата на екипата за снимање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг