Лазаров најдобар стрелец на Европските првенства

Спорт Денес

27/01/2012

17:25

5.902

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го надмина рекордот на Олафур Стефансон од 58 постигнати погодоци на едно Европско првенство па новиот рекорд изнесува 61 погодок.

Кире пред почетокот на средбата со Словенија имаше постигнато 53 погодоци од 97 упатени удари кон противничките голмани, односно 55% реализација.

Уште во првото полувреме од дуелот против Словенија, нашиот капитен го израмни рекордот на Стефансон забележан на Европското првенство во 2002. година одиграно во Шведска, а до крајот на средбата истиот го зголеми за три погодоци.

Да потсетиме, Лазаров го држи и рекордот за најмногу постигнати погодоци на Светските првенства со 92 погодоци со што е единствен играч во историјата на големите ракометни првенства што успеал да биде најдобар стрелец на Европско и на Светско првенство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг