Без струја утре делови од Скопје

Макфакс

09/06/2026

18:57

205

Големина на фонт

а а а

Утре, 10 јуни 2026 година, одредени делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани интервентни активности од ЕВН Македонија, кои ќе траат во одредени временски периоди.

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре, 10.06.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат одредени делови од Скопје.

„Во период од 08,30ч до 15,30ч дел од ул Наум Наумовски Борче и дел од ул Ленинова (АминтаIII) општина Центар во кругот на кафич Кала, Ателје, Адмирал и останати објекти;

– Во период од 09,00ч до 13,00ч дел од корисниците од с Д. Соње 9 ул 6, ул 8 и ул 12);

– Во период од 09,00 до 15,00ч дел од Рибилимус кон Г Оризари с Мирковци“.