Починал два дена по несреќа со трактор: 71-годишник од виничко прво заминал дома без да побара помош

Макфакс

09/06/2026

14:50

355

Големина на фонт

а а а

Седумдесет и едногодишен маж од село Драгобраште загинал од повредите кои ги добил во несреќа со трактор. По несреќата, тој прво заминал дома без да побара помош, а починал два дена подоцна во болница по реанимација.

Седумдесет и едногодишен жител на виничкото село Драгобраште починал од повредите здобиени во несреќа со трактор, која се случила два дена претходно, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 8 јуни во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итната медицинска помош пријавил дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршената реанимација.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

При увидот било утврдено дека на 6 јуни во вечерните часови, на локален пат во селото Драгобраште, В.А. излетал од патот со тракторот што го управувал. По несреќата, тој заминал дома без да побара лекарска помош.

Два дена подоцна, на 8 јуни околу 9 часот, неговиот син го однел во болницата во Виница, од каде бил препратен во болницата во Кочани. Но, по кратко време му се слошило, по што екипа на Итната медицинска помош од Виница се обидела да го реанимира, но без успех.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.