Кривична против 80-годишник поради силување на 14-годишно дете во Валандово

Макфакс

09/06/2026

14:40

359

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Валандово поднесе кривична пријава против 80-годишник поради сомнение за силување на 14-годишно дете во валандовско село. Инцидентот се случил на 31 мај 2026 година.

Полицијата од Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’.

„На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.