Тело во фаза на распаѓање пронајдено покрај Лепенец кај Орман

Макфакс

09/06/2026

14:30

269

Големина на фонт

а а а

Човечко тело во напредна фаза на распаѓање е пронајдено покрај реката Лепенец во селото Орман, а полицијата и јавниот обвинител преземаат мерки за идентификација и обдукција на телото.

Човечко тело во фаза на распаѓање било пронајдено вчера попладне покрај реката Лепенец во селото Орман, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 8 јуни околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај реката е забележано тело.

На местото излегле полициски службеници кои извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител биле преземени мерки за расчистување на случајот.

Кај телото била пронајдена автобуска картичка на име Ј.М. (70) од Скопје, женско лице.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Институтот за судска медицина каде ќе биде извршена обдукција.