Признание за Македонецот: Томовски се најде во најдобриот тим на сезоната во Бундеслигата

Дерби

09/06/2026

14:20

255

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентаитвец, Мартин Томовски се најде во најдобриот тим на сезоната во втората лига на Германија.

Тој имаше извонредни партии во дресот на Битигхајм, тим кој избори пласман во елитната конкуренција, првата Бундеслига.

Мартин блескаше на голот и сосема заслужено го понесе признанието за најдобар голман во кампањата. Македонецот забележа вкупно 273 интервенции на 31 натпревар или поточно неговата успешност на одбранети удари беше 31 проценти.