Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата Скопје – Град на културата

Макфакс

09/06/2026

13:40

360

Големина на фонт

а а а

Пратеничката Катерина Цаневска – Арсовска го критикуваше Орце Георгиевски за непотизам и злоупотреба во Советот на Град Скопје, посочувајќи ја назначувањето на Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“ како контроверзно и проблематично. Таа исто така укажа на задоцнувањата во доставувањето на ребалансот на буџетот.

Пратеничка Цаневска – Арсовска ја обвини власта за злоупотреба и непотизам

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска.

„Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за кого имаше многу забелешки во работењето. Не сакаше да одговори ниту за непотизмот во Пожарникарската бригада. Потоа не сакаше да одговори за состојбите во Лајка. Зошто ретерираше од ставот за дивиот пешачки премин во Чаир? Истотака, не одговори конкретно ниту за понудената рака од СДСМ да му дадеме комплетна документација за да може Градот да конкурира за набавка на автобуси“, рече Цаневска – Арсовска.

Најверојатно не сака да одговори, додаде таа, бидејќи тука нема да може да има простор за трошење и злоупотреба на пари.

Цаневска – Арсовска, исто така, рече дека го добиле ребалансот на Буџетот со задоцнување, што, според неа, е кршење на Деловникот.

„Тоа беше и деловничко кршење во работата на Советот. И уште една работа – седницата повторно започнува со кршење на Деловникот. Наместо законските седум дена, материјалите за значајни точки, како што е ребалансот на Буџетот, ги добивме со задоцнување. Орце Георгиевски милува да каже дека тој е избран и дека тој одговара за работата на Советот. Да го потсетиме дека и ние сме избрани од граѓаните и одговараме пред граѓаните. Одговорноста не е само негова, туку и наша. Ние и понатаму ќе се бориме за интересите на граѓаните“, рече Цаневска – Арсовска.