Плажата Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена до октомври 2026 година поради опасност од одрони, со што е забранет пристап и капење на плажата, додека посетителите ќе можат да ја гледаат од видиковец и со брод од безбедна оддалеченост.
Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година.
Грчките власти ја продолжија забраната поради опасност од одрони и лизгање на земјиштето од стрмните карпи што ја опкружуваат.
На туристите нема да им биде дозволено да се симнат на плажата ниту да се капат, а бродовите не смеат да се приближат на помалку од 50 метри од брегот. За прекршување на правилата се предвидени парични казни.
Плажата е светски позната по бродоломот „Панагиотис“, кој се наоѓа таму од 1980-тите и е една од најфотографираните туристички атракции во Грција.
Причина за затворањето е ризикот од нови одрони. Во 2018 година неколку капачи беа повредени кога дел од карпите се урнаа врз плажата.
Посетителите и натаму ќе можат да уживаат во погледот кон Навагио од видиковецот, а ќе бидат организирани и бродски тури, но само на пропишаната безбедна оддалеченост.







