Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

Точка

09/06/2026

13:23

184

Големина на фонт

а а а

Македонски Телеком, преку Фондацијата Телеком за Македонија, ја доби наградата за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“ – младинско движење кое придонесува за создавање побезбеден, похуман и поинклузивен дигитален простор без сајбер-насилство и говор на омраза.

Наградата ја доделуваат Конект и Министерстовто за економија и труд и претставува национално признание за најдобрите практики и иновации кои создаваат значајни општествени промени преку одржлив развој, општествена одговорност и меѓусекторска соработка. Во категоријата партнерства за одржлив развој, признанието ги истакнува компаниите кои преку соработка со институции, граѓански организации и други чинители создаваат трајни позитивни промени во заедницата.

„Нет без хејт“ е дел од партнерството помеѓу Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ, кое ги става младите во центарот на промените и ги охрабрува активно да придонесуваат за побезбедна дигитална иднина. 


„Оваа награда е признание за моќта на партнерствата но, пред сѐ, ова е награда за младите кои се дел од „Нет без хејт“ и кои со својата енергија, креативност и посветеност покажуваат дека можат да бидат двигатели на позитивни промени. Горди сме што заедно со УНИЦЕФ градиме иницијатива што создава трајни и одржливи промени во заедницата“, изјави Горан Марковиќ, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.

Како дел од следната фаза на проектот, во 2026 година „Нет без хејт“ ќе се фокусира на пилотирање и проширување на младинските иницијативи во најмалку 20 училишта и локални заедници низ државата. Дополнително, ќе продолжи развојот на кампањи и содржини создадени од млади за млади, како и соработката со релевантни институции во насока на унапредување на дигиталната безбедност и благосостојбата на децата и младите.

Со ова признание, Македонски Телеком уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање позитивни општествени промени преку иновативни и одржливи иницијативи кои придонесуваат за подобра иднина за сите.

Фото: Томислав Георгиев