Симулирање секс во тоалет и голем број селебрити: Мадона (67) го шокираше светот со новиот видео-запис, го гледале милиони

Точка

09/06/2026

15:39

387

Големина на фонт

а а а

Пред 21 година Мадона го издаде албумот „Confessions on a Dance Floor“, кој сега добива свое продолжение, „Confessions II“, а поп-иконата користи разни тактики за да ги промовира своите нови песни. Една од нив беше и најновиот спот што го објави, кој многу брзо стана главна тема на социјалните мрежи.

Пејачката премиерно го прикажа својот 14-минутен филм „Confessions II“, во кој глумат холивудскиот актер Бенедикт Камбербач, супермоделот Кејт Мос, пејачката Сабрина Карпентер и низа други славни личности. Меѓу другите, во спотот се појавува и Џулија Гарнер, која ќе ја толкува Мадона во претстојниот биографски филм.


Краткиот филм, кој воедно е еден од најлудите музички спотови во последните години, содржи шест нејзини нови песни. Со него кралицата на попот ја шокираше јавноста со разни сцени во кои не е јасно дали се работи за симулирање на секс или само за „жежок“ танц.


Во една скандалозна сцена, 67-годишната пејачка го повлекува младиот човек во кабина од тоалет за „разуздана средба“ за време на танцова забава во ноќен клуб, при што на почетокот клечи, додека некој друг ги набљудува преку преградата со израз на целосен шок.

За време на една необјавена песна, „Danceteria“, пејачката се провлекува низ тоалетот каде што фудбалерите на Челси, Кол Палмер и Жоао Педро, стојат кај писоарите, додека Ричард Е. Грант, Гвендолин Кристи, Мос и Камбербач уживаат во „рејв“ во тоалетот. Во спотот се појавува и нејзината ќерка, Лурдес Леон.


Малку е да се каже дека обожавателите се воодушевени од видеото, кое за помалку од 24 часа од објавувањето собра повеќе од милион прегледи.

„Секоја генерација има свој ‘Мадона момент’. Сведоци сме на уште еден“, „Толку сум среќен/а што живеам во исто време со Мадона“, пишуваа фановите.

„Во ера кога доминираат двеминутни песни и 15-секундни видеа снимени со мобилен телефон, Мадона ни даде 10-минутно филмско музичко искуство, полно со уметнички талент и раскажување приказни. Ова е еден од најдобрите визуелни проекти што ни ги подарила во речиси половина век долга кариера, која од самиот почеток е дефинирана токму со визуелните ефекти. И тоа е (една од причините) зошто таа е кралица на попот“, пишуваа тие.


Минатата недела поп-иконата изненади со концерт на Тајм Сквер во Њујорк, кога познатиот плоштад го претвори во ноќен клуб. Така го одбележа почетокот на Месецот на гордоста во соработка со „Grindr“, апликација за запознавање наменета за ЛГБТК+ заедницата, а воедно го најави и својот нов албум.

Нејзиниот албум „Confessions II“ ќе биде објавен на 3 јули. Мадона е исто така најавена заедно со Шакира и групата BTS за настап на полувремето од финалето на Светското првенство следниот месец.